top of page

МЗТ и Работнички се загреаа со победи пред вечното дерби кошарка

Nov 9
1 min read

09.11.2026 Noemvri Ponedelnik

Екипите на Работнички и МЗТ Скопје запишаа нови победи во Суперлигата, резултати кои се одлична најава пред нивниот меѓусебен дуел закажан за наредната седмица во СЦ „Јане Сандански“ во Скопје.

Работнички имаше тежок натпревар против Кожув, соочување кое го доби со 83:80 за перфектни шест од шест во шампионатот. Беше неизвесно до самиот крај, домаќините завршниот период го добија со 21:16 што беше доволно да го свртат резултатот во своја полза и дојдат до посакуваната цел.

Рикиќ беше незапирлив со 27 поени, капитенот Ефремовски додаде 14, а Говенс испорача дабл-дабл од 10 поени и 10 асистенции. Армстронг со 20 кошеви беше прв стрелец кај поразените.

Актуелниот шампион МЗТ Скопје беше подобар од Скопје 2023 со 79:60. „Металците“ одиграа колку што им беше потребно, четворица играчи беа двоцифрени, Крајиниќ лидер со 20 кошеви. Џонс за домаќините уфрли 18 кошеви.

На другите две средби, Стримица загуби од Тиквеш, а Пелистер во својот дом беше поразен од Штип.


 
 
 

Comments


bottom of page