МЗТ брзо најде замена за Американецот кој не ги мина медицинските прегледи (Фото)
- Aleksandar Santovski
- Sep 11
- 1 min read
11.09.2025 Septemvri Cetvrtok
МЗТ рано утрово официјално потврди дека ќе добие трет Американец во ростерот како засилување ова лето, откако претходно не успеа да го направи тоа со Грегори Џонсон кој на крајот не ги мина медицинските прегледи.
Џонсон беше најавен како ново летно засилување и изостанаа само рутинските прегледи пред да стави потпис на договорот, но на крајот не дојде до такво нешто поради потешка повреда која ја заработил пред пристигнувањето во Скопје.
Македонскиот шампион пред неколку дена извести дека зделката пропаѓа, но денеска потврди дека негова замена во тимот ќе биде Хуан Дејвис.
– Американецот Хуан Дејвис (29 год, 203 см) повторно ќе игра во сино-белиот дрес, кој повеќе од успешно го носеше во сезоната 2021/22.
– Станува збор за искусен крилен кошаркар, кој доаѓа на местото на сонародникот Грег Џонсон, кој не ги мина лекарските прегледи и мораше да замине, – порачаа од МЗТ.
Покрај Хуан Дејвис, подготовките со македонскиот првак веќе ги започнаа Елајџа Мекејден и Чарлс „Ел-Џи“ Гил.






Comments