Search
МЗТ без проблеми против Феникс во домашниот шампионат
- Aleksandar Santovski
- Apr 10, 2023
- 1 min read
Кошаркарите на МЗТ Скопје запишаа победа над Феникс 2010 во вечераниот натпревар од 21. рунда во најсилниот домашен шампионат.
Актуелниот првак важеше за апсолутен фаворит и тоа го потврди на теренот каде беше подобар од домашниот тим во сите четири четвртини. „Штрковите“ водеа со 42-32 на полувреме, предност која продолжи да расте и по паузата за конечна потврда, славје на четата на Николиќ во „Јане Сандански“.
Крстевски и Кук со по 15 кошеви беа најефикасни играчи кај победникот, додека искусниот Јанески со 19 поени беше прв стрелец кај Феникс.
МЗТ има учинок 19-2 и е на првото место на табелата, Феникс пак со 11-10 е на шестата позиција.

Comments