Search
МЗТ без проблеми го реши Чаир
Кошаркарите на МЗТ Скопје остварија лесна победа над Чаир 2030 во средбата од 18. во првата македонска лига.
Актуелниот шампион беше убедлив и славеше со 113:79, резултат со кој се зацврсти на првата позиција на табелата. Сите играчи на „металците“ се запишаа во листата на стрелци, најефикасен беше Миќовиќ со 24 поени, Кук уфрли 16, а по 13 имаа Андоновски и Бурсаќ.
Кај домаќините Мохамед и Роби имаа по 16 поени, Мустафица пак застана на 15 кошеви.
Ова за МЗТ беше последен тест, генерална проба пред дуелот со Борац во Чачак, меч кој е клучен во борбата за опстанокот во АБА лигата.
Comments