top of page
Search

Меѓународна конференција „Запознај, види, направи!“ во Музејот на македонската борба

29.09.2021 Septemvri Sreda

Седмата меѓународна конференција „Запознај, види, направи!“ (Meet, See, Do) на Балканската музејска мрежа ќе се одржи денеска и утре во Музејот на македонската борба за самостојност.

“Во два работни дена и 14 сесии, 50 професионалци од земјава и од Велика Британија, Србија, Босна и Херцеговина, Хрватска, Албанија, Грција, Косово и Бугарија ќе дискутираат на тема „За што се музеите? Назад кон основите!“, наведуваат од Музејот на македонската борба.

Конференцијата е во организација на Музејот и Балканската музејска мрежа, една од најважните регионални платформи којашто ги обединува музеите и професионалците кои работат во заштитата на културното наследство од балканскиот регион. Конференцијата се реализира со поддршка на Министерството за култура како дел од Годишната програма, и со помош од Градот Скопје.

„Запознај, види, направи!“ ќе се одвива со почитување на тековните ковид протоколи, а поради ограничениот број на учесници, ќе биде емитувана и во живо преку каналите на Музејот на македонската борба за самостојност на Јутјуб и на Фејсбук.


1 view
bottom of page