top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Меѓународен фестивал на филмски сценарија „Скрипт фест” во Скопје

Updated: Oct 6, 2021

05.10.2021 Oktomvri Vtornik

Меѓународниот фестивал на филмски сценарија „Скрипт фест”, ќе се одржи денеска и утре во Скопје, во организација на Фондацијата за културна и научна афирмација „Македонија презент“. Во рамки на фестивалот, како што е најавено, ќе бидат врачени и наградите Скрипт фест 2021 од Конкурсот за најдобри филмски сценарија. Овогодинашни добитници на наградите “Скрипт фест” се авторите: Владо Јаневски (Сиднеј), Васил Михаил (Лондон) и Гоце Ристовски (Скопје). На првиот ден од фестивалит, како што најавуваат организаторите, ќе се одржи работилница со учениците од гимназиите „Никола Карев” и „Раде Јовчевски – Корчагин” на тема „Од сценарио до филм”, која ќе ја води проф.д-р Христо Петрески од Институтот за наука, алтернатива, култура и уметност – Скопје. Утре на Интернационалниот универзитет „Еуропа Прима”, ќе се одржи трибина со студентите на тема „Филмското сценарио овде и сега”, која ќе ја води вонредниот професор м-р Гоце Ристовски. Фестивалот „Скрипт фест“ годинава се одржува со поддршка на Програмата за култура при Собранието на Град Скопје.





1 view

Comments


bottom of page