top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Меѓународен фестивал на прозата во Куманово

Во Куманово денеска и утре ќе се одржи првиот меѓународен фестивал на прозата. Манифестацијата ја организира Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ со финансиска поддршка на Општината и Министерството за култура.

Според директорот на Центарот за култура, Сашо Тодоровски, целта на фестивалот е „да се поттикне формирањето на идниот читач“.

„Почнуваме манифестација која се надеваме дека ќе опстои долго, а по која ќе бидеме препознатливи и манифестација која ќе биде темел на збиднувањата од ваков вид. Целта на манифестацијата е да се доближи книжевната прозна продукција до читателската публика, да се запознаат со домашните и страните авторите и нивните дела, што ќе придонесе за формирање критичко, субјективно мислење, ќе се поттикне и формира идниот ‘читач’“, изјави Тодоровски.

Отворањето е вечерва во 20 часот, во фоајето на Центарот за култура. Тема на првата фестивалска вечер е „Женското писмо и Балканот“ на која ќе дебатираат Јорданка Белева, Оливера Ќорвезироска и Лејла Каламујиќ, а модератор ќе биде Фросина Крушкаровска. Вечерта ќе биде збогатена со музика во изведба на Јован Цветковиќ.

Утрешната, втора фестивалска вечер е резервирана за гостите Николина Андова Шопова, Жарко Кујунџиски, Давор Стојановски, Лира Бојку, Александар Шпатов и Фејзи Бојку кои ќе читаат фрагменти по сопствен избор од книжевните остварувања. Модератор на втората вечер е писателот Петар Андоновски. Визуелните ефекти се на Стефан Јакимовски.


3 views

Comments


bottom of page