top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Меѓу ѕвездите се гледа богатство со доаѓањето на ерата на вселенскиот туризам

Updated: Jul 13, 2021

12.07.2021 Juli Ponedelnik

Подвигот на сер Ричард Брансон, кој со ракетата на неговата компанија „Вирџин Галактик“ вчера се издигна на 88 километри над Земјата, се смета како голем поттик за т.н. вселенски туризам за кој веќе постои голема конкуренција, пишува „Економист“.

Брансон успеа го претрка неговиот конкурент Џеф Безос, чија вселенска мисија е превидено да се реализира на 20 јули, Двајцата милијардери се меѓу групата на ентузијасти кои веруваат дека дојде времето на вселенскиот туризам. Богатите клиенти веќе летаа со руското летало конструирано во рамки на владината вселенска компанија, а „Вирџин Галактик“ и „Блу Ориџин“ на Безос дизајнираа сопствени ракети со цел во вселената да испратат патници кои добро плаќаат.

– За првпат имаме голем број на добро финансирани компании посветени на развојот на вселенскиот туризам – вели Метју Вајнзиерл од универзитетот „Харвард“.

Вселенскиот туризам е дел од пошироката вселенска економија која е во подем во изминатата деценија благодарение на напредокот во ракетната и сателитска технологија. Претприемачите и финасиерите веќе навлегуваат на полето на кое досега беа присутни владините агенции. Инвеститорите минатата година вложија 28 милијарди долари во вселенските бизниси, надевајќи се дека ќе го повторат успехот на компанијата на Илон Маск „Спејс екс“ која успеа значително да ги намали трошоците на ракетните лансирања. Благодарение на постигнатиот успех, нејзината вредност сега е проценета на 74 милијарди долари. Банкарските аналитичари „гледаат богатство меѓу ѕвездите“. Во „Морган Стенли“ очекуваат вселенската економија да генерира приходи од трилион долари до 2040 година, во однос на сегашните 350 милијарди долари. Во „УСБ“, пак, проценуваат приходи од 800 милијарди долари до крајот на деценијава.

Сепак, треба да се напомене дека инвестирорите се внимателни при вложувањата во овој сектор, бидејќи неколку стартап-компании за вселенски туризам веќе се откажаа. Друг голем предизвик претставува безбедноста, а можни се и други проблеми во однос на регулативата во однос на дизајнот и конструкцијата на комерцијалните вселенски летови, како што заклучува „Економист“.


2 views

Comments


bottom of page