Меѓу осминафиналистите на ЛШ малку нови играчи
29.01.2021 januari petok
ФУДБАЛ – ПРЕОДЕН РОК
Неколку дена до завршувањето на зимскиот преоден рок, десет од 16-те тима осминафиналисти во Лигата на шампионите не ангажираа ниту еден нов фудбалер, според податоците што ги објави Европската фудбалска унија на својата интернет-страница. Така, без нови фудбалери во однос на првиот дел од сезоната се Барселона, Баерн, Челси, Борусија Дортмунд, Јувентус, Ливерпул, Манчестер сити, ПСЖ, Порто и Реал Мадрид. Преостанатите шест клуба имаат по еден нов фудбалер. Сезоната во Лигата на шампионите продолжува во февруари, со првите мечеви од осминафиналето, а двојките се Лајпциг – Ливерпул, Барселона – ПСЖ (двете на 16 февруари), Севилја – Борусија Дортмунд, Порто – Јувентус (двете на 17 февруари), Лацио – Баерн, Атлетико – Челси (двете на 23 февруари), Борусија Менхенгладбах – Манчестер сити и Аталанта – Реал мадрид (двете на 24 февруари). Реваншите се предвидени од 9 до 17 март.
コメント