Search
Метју Меконахи навестува можно враќање во „Магичен Мајк“
- Aleksandar Santovski
- Feb 17, 2022
- 1 min read
Метју Меконахи неодамна откри дека сака да се врати во серијалот „Магичен Мајк“ во пресрет на третото продолжение. 52-годишниот оскаровец во разговор со „Вараети“ призна дека не слушнал ништо конкретно за сценариото на филмот, кој ќе го носи насловот „Последниот танц на магичниот Мајк“ (Magic Mike’s Last Dance). Тој одигра голема споредна улога во оригиналниот филм од 2012 година како Далас, стриптизер што стана сопственик на клуб. Сепак, тој одлучи да не ја репризира својата улога во продолжението од 2015 година Magic Mike XXL („Магичен Мајк Икс-икс-ел“). Се чини дека Меконахи се чувствува попозитивно во врска со комичната драма пред нејзиниот трет дел за кој Стивен Содерберг повторно ќе ја земе режисерската палка.

Comments