Метеоритот што падна во Велика Британија е стар 4,5 милијарди години
Updated: Jul 22, 2021
21.07.2021 juli Sreda
Реткиот метеорит што падна во Велика Британија на почетокот на оваа година може да ги крие тајните за животот на Земјата. Анализите покажале дека тој потекнува од создавањето на Сончевиот Систем пред 4,5 милијарди години.
Метеоритот го добил името Винчкомб, а бил пронајден во Глочестершир. Станува збор за многу редок вид метеорит, наречен јаглероден хондрит, кој е богат со вода и органска материја, бидејќи го задржал својот хемиски состав уште од формирањето на Сончевиот Систем.
Винчкомб е првиот метеорит пронајден во Велика Британија во последните 30 години и единствениот јаглероден хондрит на британско тло. Со него се дава можност да се проучи потеклото на водата и животот на Земјата, но и настанувањето на Сончевиот Систем.
Прелиминарните анализи потврдиле дека метеоритот содржи органски материјали, состојки присутни во времето на „раѓањето“ на Сончевиот Систем.
Метеоритот во моментов е изложен во Музејот за природна историја во Лондон.
Commenti