Search
Металург потврди дека е откажан натпреварот со Вардар
02.02.2022 Januari Sreda
Ракометниот клуб Металург се наоѓа во многу комплицирана состојба и веројатно ќе биде суспендиран од Ракометната федерација на Македонија. Клубот од „Автокоманда“ денеска со кратко соопштение потврди дека средбата со Вардар закажана за вечерва е откажана, а утре ќе одржи прес-конференција. Последните информации велеа дека ЕХФ побарал од нашата федерација да ја активира суспензијата за Металург и на домашната сцена, а овој статус е променет непосредно пред почетокот на плејофот во македонската лига. Причина за суспензијата од страна на ЕХФ се неподмирените долгови кон ракометарите и тренерите изминатиот период, а новиот статус ја доведува во прашање и иднината на клубот со многу трофеи на домашната сцена.
Comments