top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Мет Дејмон пропуштил 374 милиони долари со тоа што не глумел во „Аватар“

Updated: Jul 19, 2021

16.07.2021 Juli Petok

Мет Дејмон би заработил 374 милиони долари доколку не ја пропуштил шансата да глуми во „Аватар“. Режисерот Џејмс Камерон на 50-годишниот актер му понудил десетина од заработката на филмот за да го портретира Џејк Сали во научнофантастичниот еп од 2009 година, кој заработи 2 милијарди фунти на киноблагајните и стана филм со најголема заработка на сите времиња, а sвездата на „Борнов идентитет“ го чини богатство. Говорејќи на Канскиот филмски фестивал, Мет откри: „Ми понудија мал филм наречен Аватар. Ќе влезам во историјата – никогаш нема да сретнете актер кој одбил повеќе пари од мене.“ Улогата заврши кај Сем Вортингтон, а Мет се пошегува дека ако ја прифател ќе имал доволно пари да испрати ракета во вселената како тајкуните сер Ричард Бренсон и Џеф Безос. Во најновиот филм „Стилвотер“, Мет глуми работник во нафтена индустрија кој патува во Франција за да ѝ помогне на отуѓената ќерка откако таа е обвинета за убиство. Филмот беше премиерно прикажан на фестивалот во Кан минатата недела.


2 views

Comments


bottom of page