Меси ќе стане сопственик на уште еден шпански клуб
09.09.2026 Septemvri Sreda
Лионел Меси решил да инвестира во уште еден шпански клуб, а во ситуацијата тоа е второлигашот Елденсе.
Актуелниот менаџмент објави дека е постигнат договор со аргентинската ѕвезда да стане мнозински сопственик на Елденсе, со што по Корнелја, тоа ќе биде уште еден шпански клуб во кој Меси е инволвиран во сопственичката структура.
Елденсе е клуб лоциран во Аликанте и игра во Ла Лига 2, а периодов го отпушти тренерот поради неубедливите резултати од почетокот на сезоната.
Промената на сопственикот на акциите треба да биде одобрено од шпанските авторитети, а досега Меси официјално не ја коментирал информацијата.
Претходно, Меси го купи петтолигашот Корнелја, кој доаѓа од каталонскиот град Корнелја де Љобрегат и низ чии редови поминале играчи како Жорди Алба и Давид Раја.







Comments