Меси ќе се врати во Барселона: Му ветив и ќе направам се што е можно…
Лионел Меси по две години минати во Пари Сен Жермен реши да ја промени клупската средина, поточно се одлучи да си замине по завршувањето на договорот.
Тој имаше неколку опции за тоа каде да ја продолжи кариерата за да на крајот изненадувачки ги одбере Соединетите Американски Држави и МЛС составот, Интер Мајами. Тој има 36 години и нема да биде изненадување и ако токму тука го заврши активното фудбалско патување, иако во животот, особено во фудбалот никогаш ништо не се знае.
Ама една работа е јасна, Меси ќе добие вистинско збогување со навивачите на Барселона, клубот на неговиот живот, клубот кој мораше да го напушти во 2021 година поради финансиски причини, Постоеше можност тој летово да се врати на „Камп Ноу“, ама не секаше да минува низ нова драма со тоа што се договорил со водечките луѓе на Интер Мајами да не му прават проблем кога е во прашање последната епизода во Барселона.
-Заминувањето на Меси од Барселона не му се допадна, тој не можеше да се збогува со својот клуб кој го пречека како дете, а мислам дека околностите не беа онакви какви што Лионел сакаше. Му ја дадов мојата посветеност дека ќе направам се што е можно во наредните години да му дадам можност да се збогува со своите навивачи во Барселона. Интер Мајами ќе оди или ќе направиме некаков натпревар, -порача претседателот на Интер Мајами, Хорхе Мас.
Comentários