Лионел Меси стигна до најпосакуваната титула во кариерата на неодамнешното СП во Катар, а мундијалскиот триумф го инспирирал да подготви специјални подароци за колегите од националниот тим.
Ѕвездата на ПСЖ платила 210.000 евра за на 35 Ајфон телефони да биде вградена златна плочка, со што сите членови на шампионската генерација, вклучувајќи ги и техничките лица, ќе добијат уникатен подарок.
На плочката ќе бидат гравирани презимињата и бројките на дресовите на секој од членовите на националниот тим кој ќе добие подарок, логото на аргентинскат федерација, како и натписот светски шампиони во 2022 година.
Информацијата ја потврди првиот човек на компанијата „Индизајн голд“, која била задолжена за вградувањето на златните плочки на телефоните.
– Меси е еден од нашите најлојални клиенти и по СП не контактираше со желба да му подготвиме специјални подароци за сите колеги од националниот тим. Не сакаше тоа да биде вообичаениот подарок, односно часовник, па ја прифати нашата сугестија, – изјавил Бенџамин Лајонс.
Comments