Меси со емотивна порака го заокружи СП 2026 Америка Ну Џерси, испрати и честитка до Шпанија за титулата фото и видео
- Aleksandar Santovski
- Jul 21
- 2 min read
20.07.2026 juli Ponedelnik
Аргентина падна на последниот испит на патот до одбрана на титулата на Светското првенство, пат на кој им застана селекцијата на Шпанија која ги совлада со 1-0 по дополнителните 30 минути.
„Гаучосите“ го одиграа најслабиот меч на турнирот токму на стадионот „Метлајф“ и тоа против најсилниот ривал кој можеа да го имаат на другата страна, ривал кој во полуфиналето комплетно ја неутрализираше залетаната Франција.
Меѓутоа оваа група, оваа селекција на Аргентина донесе многу титули, успеси во претходниот период и тоа е потврда за квалитетот и покрај тоа што многумина сакаат да го потценат она што го направија и на овој турнир. Капитенот Лео Меси на крајот го заврши мундијалот со осум голови и четири асистенции, а како човек на кого националниот дрес многу му значи се огласи и испрати емотивна порака.
-Болката е огромна и ќе биде потребно долго време за оваа рана да заздрави. Но, ќе ги задржам и сите добри моменти. Натпреварите во кои направивме пресврт давајќи апсолутно сè. Моменти што ќе останат во нашите сеќавања засекогаш и поддршката од цела земја што, заедно со напорната работа и посветеноста на оваа група, ни помогнаа повторно да станеме еден од најдобрите тимови во светот.
-Во моментов е тешко да се цени она што го постигнавме, но оваа група стигна до две последователни финалиња на Светските првенства. Ви благодарам од дното на моето срце за секоја порака и секој збор на поддршка. Уште еднаш, се собравме како земја, обединети во споделувањето на огромната гордост што сме Аргентина.
-Исто така, сакам да ѝ честитам на Шпанија за освојувањето на Светското првенство, -порача Лео на социјалните мрежи.
Тој засега не спомена дека ја завршува репрезентативната кариера, прашање на кое сигурно ќе добиеме одговор во наредниот период.






Comments