top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Меси: Сите знаат како си заминав од Барселона, среќен сум што сум дел од ПСЖ

11.08.2021 Avgust Sreda

Капитенот на аргентинската репрезентација, Лионел Меси денеска официјално е претставен во својот нов клуб во францускиот вицешампион Пари Сен Жермен. „Светците“ беа најбрзи, најконретни и успеаа да го добијат потписот на Меси кој едноставно беше принуден да си замине од Барселона откако клубот не можеше да ги исполни барањата на Ла Лига. Ова за напаѓачот ќе биде прв предизвик надвор од „Камп Ноу“ и верува дека истиот ќе биде исполнет со многу успеси. -Многу сум среќен, сите знаат како ја напуштив Барселона, бев тажен, многу години се во прашање, не е лесно да се збогувам со сето тоа. Но, доаѓањето тука ми донесе среќа, овозможено ми е да продолжам со тренирам, играм. Се се случи брзо, но уживам во претходните денови исто како моето семејство. Сега сакам да тренирам, да го видам тимот, тренерите, да започнам нова етапа во мојата кариера. Сакам да му се заблагодарам на претседателот, но и на целиот клуб од првиот ден кога ја контактираа Барселона, како ја завршија работата. Беше тешка ситуација и ние брзо ја решивме. -Им благодарам на сите за тоа. Пресреќен сум, желен за игра, за победа. Ова е амбициозен клуб. Подготвен сум да играм за овој клуб, да освојувам титули и затоа мислам дека заедно можеме да продолжиме во таа насока. Благодарност до фановите во Париз што ме пречекаа така, изненаден сум, тоа придонесува за мојата среќа. Сигурен сум дека сите заедно ќе уживаме во заедничкиот период во клубот, -рече Меси кој даде коментар затоа ќе биде дел од напаѓачкото трио со Нејмар и Мбапе: -Среќен сум, лудо е. Мило ми е што ќе ја делам соблекувалната со двајцата. Со нетрпение го очекувам почетокот на тренинзите и натпреварувањата со нив. Ќе играм со најдобрите и тоа е секогаш убаво, треба да уживате во сето тоа, -порача Аргентинецот.


2 views

Comments


bottom of page