top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Меси си поигра со Гвардиол, Аргентина се чекираше во финалето во Катар (Видео)

Тандемот Лионел Меси-Хулијан Алварез е најзаслужен за новото мундијалско финале кое ќе го игра Аргентина, прво по она од 2014-та година кога „гаучосите“ беа поразени од Германија.

Во првото полуфинале кое го гледавме вечерва во Катар, Аргентина се покажа како подобра и поубиствена селекција од Хрватска, која скапо ги плати своите грешки во одбраната.

„Коцкестите“ беа максимално рамноправни во првите 30 минути, но откако дозволија првпат да избега Алварез, мечот тргна во погрешна насока за нив и на крајот претрпеа тежок пораз.

Судијата Орсато без двоумење покажа на белата точка по судирот меѓу Алварез и Ливаковиќ, а прецизен реализатор на најстрогата казна беше Лео Меси кој го постигна својот 11-ти погодок на мундијалите.

Брзо по голот за 1:0, една аргентинска контра заврши со гол на Алварез за предност од 2:0, по со оваа голема позитива „гаучосите“ заминаа на паузата меѓу двете полувремиња. Далиќ направи измени и ја промени формацијата на стартот на вториот дел, но наместо гол за враќање во мечот, видовме трет во мрежата на Ливаковиќ.

Лео Меси си поигра со големата дефанзивна надеж, Јошко Гвардиол, а потоа несебично додаде до Алварез кој лесно ја погоди мрежата за 3:0 и пласман на Аргентина во големото финале на Светското првенство во Катар.





1 view

Comentários


bottom of page