top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Меси по „петката“ на „Ел Садар“: Ова е најубав крај на сезоната

Репрезентацијата на Аргентина продолжи да гази се пред себе, па така откако ја преслуша Италија (3-0) во Финалисима ја разби Естонија со 5-0 на пријателската средба која се одигра на „Ел Садар“ во Шпанија.

„Гаучосите“ беа доминатни, разиграни, а во фокусот беше Лионел Меси кој ги даде сите пет погодоци за својот тим. По втор пат во неговата кариера се случува тој да даде пет гола на еден меч (првиот беше во дресот на Барселона против Баер Леверкузен во Лигата на шампионите) што е не е мала работа.

Сепак асот на ПСЖ не се стави во прв план, не говореше за својата брилијатна партија туку за целиот тим кој е во серија од 33 средби без пораз.

-Не можевме да замислиме подобар крај на сезоната. Ја освоивме Финалисима, а сега ја победивме Естонија. Благодарност до сите што беа на стадионот во Шпанија и што ни дадоа неверојатна поддршка. Сега одиме на одмор, па ги продолжуваме подготовките за Светското првенство, -порача Лео.

Аргентина во групната фаза на мундијалот во Катар ќе се соочи со Саудиска Арабија, Мексико и Полска.


2 views

Comments


bottom of page