top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Меси од утре е слободен играч, претседателот на Барселона испрати кратка, ама јасна порака

30.06.2021 Juni Sreda

Првата ѕвезда на Барселона и воедно капитен на екипата, Лионел Меси е во последниот ден од актуелниот договор со клубот, поточно од утре или полноќ тој е слободен фудбалер.

Ова значи дека може слободно да преговара, разговара со останатите тимови за негов ангажман, нешто што можеше да го прави од почетокот на оваа календарска година. Секако медиумите и навивачите на каталонците очекуваат одговор за тоа што Лео ќе направи, дали можеби ќе си замине од „Камп Ноу“ или пак ќе остане во сегашната средина.

Меси во моментов е далеку од Шпанија и со Аргентина настапува на Копа Америка, па затоа во фокусот беше претседателот на шпанскиот прволигаш Жоан Лапорта кој беше пречекан од медиумите пред да влезе во клупските простории.

Тие го притискаа да им каже нешто повеќе за Аргентинецот, дали тој ќе остане, а Лапорта кратко им порача да останат смирени, односно дека нема причина за загриженост.

Дел од медиумите веќе пренесоа дека разговорите меѓу Барса и Лео се позитивни и дека може да се очекува напаѓачот да остане во средината која е негов дом со години.




1 view

Comments


bottom of page