Меси нема да дебитира против Брест, но францускиот клуб ги распродаде билетите
Француската, но и цела светска фудбалска јавност го очекува дебито на Лионел Меси во дресот на ПСЖ, но тоа веројатно нема да се случи ниту утре.
Парискиот клуб му гостува на Брест, но тренерот Маурисио Покетино веројатно нема да го води својот сонародник на овој дуел, оставајќи му повеќе простор да се подготви за новиот предизвик.
Тоа не ги спречи фановите на Брест да ги купат сите влезни билети за оваа средба, не оставајќи простор да пропуштат евентуално изненадување и деби на Меси на нивниот стадион.
Аргентински „Оле“ тврди дека Меси би требало да дебитира следната недела, кога ПСЖ ќе му гостува на Ремс, а ако и тоа не се случи, тогаш фановите ќе мора да го чекаат натпреварот против Клермон, кој е закажан дури на 12. септември.
Во првите две кола од првенството, ПСЖ има максимален учинок со 6 бодови.
コメント