Меси испиша историја на церемонијата во Париз: Спортот ги обединува луѓето и затоа оваа награда е по
Меси испиша историја на церемонијата во Париз: Спортот ги обединува луѓето и затоа оваа награда е посебна (Фото) Лионел Меси си го оствари својот животен сон на крајот на 2022-ра година во Катар, но тоа не значеше дека Аргентинецот ќе прекине да ја збогатува колекцијата на идивидуални признанија. Откако беше избран за најдобар фудбалер од страна на ФИФА, Меси денеска ја доби и најпрестижната награда која им се доделува на спортистите, односно беше избран за „Лауреус“ на истоимената церемонија која се одржа во Париз. Аргентинецот го доби епитетот најдобар спортист во светот по вторпат во својата кариера, но за првпат беше дел од една церемонија, бидејќи поради Ковид немаше такво нешто во 2020-та. – Многу сум среќен што овојпат сум дел од церемонијата, уште повеќе поради тоа што се одржува во градот во кој живеам. Сакам да уживам во оваа награда после она што го доживеав во Катар. – Светското првенство беше трофејот кој ми недостасуваше, тоа беше специјално за мене, за соиграчите и за цела нација. Фудбалот значи живот за мене, спортот ги обединува луѓето и затоа оваа награда е посебна. Сакам да им се заблагодарам на сите соиграчи кои ми помогнаа да стигнам до тука, не само од националниот тим, туку и на оние од ПСЖ. Ова немаше да го остварам сам и благодарен сум на сите, – изјави Меси кој испиша историја бидејќи беше избран за најдобар светски спортист, но се најде и во тимот на годината од „Лауреус“.
Comentários