top of page

Меси и Зидан објаснија зошто „десетките“ изумираат во модерниот фудбал (Видео)

Заедничкиот разговор кој го имаа Лионел Меси и Зинедин Зидан во Мајами предизвика големо внимание во јавноста, бидејќи материјалот кој го подготви „Адидас“ донесе навистина интересни теми кои беа отворени од страна на двете фудбалски легенди.

Покрај што си го искажа неизмерна меѓусебна почит, Зизу и Лео направија и добри анализи за неколку нивни фази од кариерите, но како фудбалери кои се издвојуваат по својата магија, двајцата направија анализа за изумирањето на бројот „10“ во светскиот фудбал.

Цела кариера на Меси е поврзана со бројот „10“ како вистински лидер на своите тимови, а иако Зизу во Реал ја носеше „5-та“, во Франција и во Јувентус беше препознатлив по „10-та“.

– За нас Аргентинците, бројот 10 секогаш е многу посебен. Прво што ви доаѓа на памет е Марадона. Сакавме да бидеме како него, Марадона беше 10-та и сите го сакавме него. Тој е нашиот идол и нашиот пример, јас не фатив многу од него, бев многу мал, но потоа ги гледав сите видеа. И моите деца знаат за Диего и покрај тоа што не го гледале.

– Говорејќи за бројот „10“, мој идол беше и Пабло Аимар кога играше во Валенсија, но исто така и Рикелме. За жал, оваа улога на теренот полека изумира во модерниот фудбал, полека се губи. Со формациите 4-3-3 од најрана возраст и со 4-4-2, тешко се наоѓа место за „10-ка“. Таквите фудбалери веќе не се вклопуваат во овие системи, или им е тешко да дојдат до израз. Затоа таквите играчи полека се губат, – изјави Меси, а целосно се согласи и Зидан кој додаде.

– И покрај се, за да бидете „10-ка“, мора да поседувате работи, да гледате работи кои не ги гледаат другите. Затоа ти си „10-ка“, јас ги гледав работите една секунда пред другите, а ти три секунди пред другите, – му порачува Зизу на Меси.



 
 
 

Comments


bottom of page