Меси и Барселона се договориле, напаѓачот уште долго време ќе биде на „Камп Ноу“
Шпанскиот великан Барселона и Лионел Меси постигнале договор за продолжување на соработката.
Ова е најновата информација која доаѓа од Пиринеите или поточно од Каталонија и реномираниот „Спорт“ кој пренесува дека клубот и Аргентинецот во основа успеале да се разберат и договорат за останување на капитенот на „Камп Ноу“.
Се работи за петгодишен договор што е сосема спротивно од претходните информации кои говореа дека истиот ќе биде на две години по што Лео ќе продолжи во МЛС лигата. Аргентинецот е спремен, подготвен да го носи дресот на каталонците на највисоко ниво и во нареднте пет години, клубот верува во него и затоа е подаде рака за ваквата соработка.
Меси се согласил на намулување на платата за дури 50 проценти свесен за економската ситуација, ама парите според „Спорт“ никогаш не биле проблем во преговорите туку повеќе фокусот бил ставен на данокот затоа што никој од двете страни не сака да направи погрешен чекор.
Сега се на потег претставниците, адвокатите на двете страни да ги заокружат сите детали околу соработката. Новиот договор официјално би треба да биде објавен на крјаот на месецот и истиот ќе има откупна клаузула од 350 милиони евра.
Маестралниот Лионел целата своја кариера е во Барса, клуб во кој ги освои сите можни титули, сруши многу рекорди и доби многу признанија.
Comments