top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Мерил Стрип и Дон Гамер тајно се разделиле пред шест години по 45 години брак

Холивудската икона Мерил Стрип и нејзиниот сопруг Дон Гамер живеат целосно одвоени животи. Неколку американски портали објавија дека оскаровката (74) и познатиот скулптор (76) тајно се разделиле пред шест години по речиси пет децении брак. Мерил и Дон се венчаа во 1978 година, имаат четири деца – Хенри (43), Меми (40), Грејс (37) Луиза (32) – и пет внуци. Мерил и Дон во Њујорк (1980) Нејзиниот портпарол ја потврди веста. Во изјава за „Фокс њуз дигитал“ портпаролот на актерката потврди: „Дон Гамер и Мерил Стрип се разделени повеќе од шест години и иако секогаш ќе се грижат еден за друг, тие избраа да живеат одвоено“. Мерил беше забележана на доделувањето на наградите Princesa de Asturias 2023 во петокот со нејзината бурма и покрај откритието. Но, парот не е виден заедно од „Оскарите“ во 2018 година.




0 views

Comments


bottom of page