top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Менди Мур зрачи со гордост додека го држи петмесечното бебе: Љубовта на мојот живот

13.07.2021 Juli Vtornik

Холивудската актерка Менди Мур е воодушевена што е „тазе“ мајка. Во неделата 37-годишната ѕвезда на This is Us („Ова сме ние“) сподели преслатка фотографија додека го држи својот петмесечен син Гас. „Нема веќе застрашувачки недели со ова момче. Пет месеци со љубовта на мојот живот “, напиша Менди во најновата објава на Инстаграм. Фотографијата е направена преку рамото на Мур и ја прикажува актерката која се смее со видлива мајчинска радост додека го држи своето бебе. Менди го има Гас со нејзиниот сопруг музичар Тејлор Голдсмит (35), со кого го венча во ноември 2018 година. Таа објави дека е бремена со своето прво дете во септември 2020 година, а се породи во февруари 2021 година.



2 views

Comments


bottom of page