top of page

Менди добил уште две обвинувања за силување, Французинот ќе добие и поголема казна

Францускиот фудбалер Бенжаман Менди добил уште две обвинувања за силување додека и натаму го чека своето судење во притвор.

Судиите не и дозволуваат на ѕвездата на Манчестер Сити да се брани од слобода, ниту пак домашен притвор, а се чини дека неговата ситуација само дополнително се комплицира.

Сега Менди треба да се брани од обвинувања за шест силувања и еден сексуален напад, а судењето треба да започне на 24. јануари 2022 година.

Манчестер Сити го суспендираше Менди уште откако Французинот заврши во притвор и веројатно е дека ќе го раскине договорот со фудбалерот во првиот момент кога ќе има таква опција.

Менди е сместен во посебно затворско одделение во кое се наоѓаат осудени силувачи, за кои се смета дека се во најголема опасност доколку се во друштво на останатите затвореници.


 
 
 

Comments


bottom of page