top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Менаџерот на Бритни Спирс поднесе оставка

Човекот што ја водеше кариерата на Бритни Спирс во последните 25 години се повлекува од функцијата нејзин менаџер. Лери Рудолф, кој ѝ помогна на Спирс да го обезбеди првиот договор за снимање, рече дека намерата на sвездата официјално да се пензионира го натерала да се повлече. Овој потег следува две недели откако Спирс му откри на судијата во Лос Анџелес дека била принудена да настапува спротивно на нејзината волја. Таа во моментот се обидува да стави крај на таканареченото конзерваторско старателство што управува со нејзиниот живот и финансии од 2008 година. Рудолф ја објави својата намера да се повлече со писмо до таткото на sвездата, Џејми Спирс, и костарателот Џоди Монтгомери. „Поминаа повеќе од две и пол години откако Бритни и јас последен пат комунициравме кога таа ме извести дека сака да направи пауза на неопределено време“, напиша тој. „Претходно денес, дознав дека Бритни ја изрази својата намера официјално да се пензионира. Како нејзин менаџер верувам дека е во најдобар интерес на Бритни да се повлечам од нејзиниот тим бидејќи моите професионални услуги повеќе не ѝ се потребни“.



1 view

Comments


bottom of page