top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Меланија Трамп се појави на сцената во комплет од 6.000 евра

07.11.2024 Noemvri Cetvrtok

По победата на американските избори за претседател, Доналд Трамп одржа победнички говор на Вест Палм Бич, а на сцената му се придружија децата и сопругата Меланија Трамп, која во еден момент ја држеше за рака.

54-годишната Меланија од Словенија ќе ја повтори улогата на прва дама. Во последниот мандат на Трамп, од 2016 до 2020 година, таа се истакна со својот едноставен и елегантен стил и изгледа дека ќе продолжи да го прави тоа.

Имено, Меланија на сцената се појави во сив комплет на францускиот бренд „Диор“. Таа се појави во сиво Marlène сако, кое чини 4.000 евра и сиво здолниште, чија цена е 2.140 евра, а комбинацијата ја заокружи со црни потпетици, незабележлива шминка и пуштена коса.

Инаку, Трамп во својот говор ѝ се заблагодари за поддршката на Меланија и истакна дека таа е многу важна во неговиот живот, а им се заблагодари и на своите деца за поддршката и го пофали својот син Барон.


0 views

Comments


bottom of page