top of page
Search

Меланија Трамп на инаугурацијата носеше дизајнерски капут од 4.000 евра

Writer's picture: Aleksandar SantovskiAleksandar Santovski

22.01.2025 januari Sreda

Меланија Трамп на инаугурацијата на сопругот Доналд Трамп се појави во интересна облека, која привлече внимание.

Меланија, инаку позната по својот елегантен изглед, се појави во темносино палто дизајнирано од американскиот дизајнер Адам Липес. Цената на капутот, според официјалната веб-страница на брендот, е приближно 4.186 евра.

Меланија го комплетира изгледот со впечатлива шапка од американскиот дизајнер Ерик Џавитс, црни кожени ракавици и темносини велур-потпетици, кои одговараа со палтото на нејзиниот сопруг.

Првата дама ги поддржа американските дизајнери со својот моден избор за инаугурацијата, а за првата инаугурација на Трамп во 2017 година избра креација на Ралф Лорен оддавајќи ѝ почит на Џеки Кенеди.


 
 

Comments


bottom of page