top of page

Меланија Трамп кажа Македонија, РОЗИ МИЦКОСКА СЕ СРЕТНА СО МЕЛАНИЈА ТРАМП ВО БЕЛАТА КУЌА: Поразговараа на мајчин јазик видео

27.03.2026 Mart Petok

Правата дама на САД, Меланија Трамп предизвика реакција од Атина откако во јавен настап ја нарече земјава Македонија, што резултираше со формална интервенција на грчката амбасада во Вашингтон, која инсистира на доследна примена на одредбите од Преспанскиот договор и употреба на уставното име „Северна Македонија“ во сите официјални и јавни комуникации.

Грчкиот портал Greek reporter објави дека „за време на нејзиното обраќање на високопрофилен настан, првата дама го употреби името „Македонија“ за да ја опише северната соседка на Грција“.

 -Бидејќи терминот „Македонија“ се однесува исклучиво на историскиот и географски грчки регион, неговата употреба како име за странска држава претставува чувствително дипломатско прекршување. Според принципот erga omnes од Преспанскиот договор, соседната држава мора да се именува како „Северна Македонија“ во сите официјални и јавни контексти, пишува порталот.

Како одговор, грчките дипломати стапиле во контакт со надлежните институции за да обезбедат официјалните записи и идните комуникации да ја користат точната терминологија.

 -Амбасадата појасни дека користењето на името „Македонија“ за суверената држава во Скопје не само што ги игнорира меѓународните договори, туку создава и регионална конфузија во врска со грчкиот културен идентитет. Оваа решителна дипломатска интервенција покажува дека Атина внимателно ги следи случувањата во Вашингтон, нагласувајќи дека додавката „Северна“ во името на државата што граничи со Грција е правно обврзувачка, а не изборна, и има цел да го заштити посебниот идентитет на грчкиот регион Македонија, објави грчкиот портал.

Видео говор на Мицковска со Меланија Трамп на мајчин јазинк

Македонски и Словенски


 
 
 

Comments


bottom of page