Меланија само сака да замине дома
10.12.2020 Декември Четврток
Досегашната прва дама на САД, Меланија Трамп, размислува за животот по заминувањето од Белата куќа, пренесува „Бизнис инсајдер“.
Извор близок до семејството вчера откри дека Меланија се подготвува да замине во нивната семејна резиденција Мар-а-Лаго во Палм Бич на Флорида.
– Таа сака само да си замине дома – открива изворот за „Си-ен-ен“.
Плановите за заминување биле направени во периодот додека американскиот претседател Доналд Трамп одбивал да го признае поразот на изборите.
Неколку извори потврдија дека Трамп периодов ја реновира резиденцијата во Флорида, подготвувајќи се за бурно напуштање на Белата куќа на Денот на инаугурацијата, кога новоизбраниот претседател Џо Бајден ќе ја положи заклетвата.
Друг извор потврди дека нивниот 14-годишен син, Барон, ќе ја заврши учебната година во Флорида.
Првата дама исто така разгледува начини да го надгради својот имиџ откако ќе ја загуби титулата во Белата куќа. Изворите изјавија дека таа размислувала за пишување на книга за историјата на гостопримството во Белата куќа, како и за одржување на нејзината кампања за јавна свест „Биди најдобар“.
Шефицата на кабинетот на Меланија Трамп, Стефани Гришам, изјави дека засега нејзиниот распоред останува исполнет со должностите како мајка, сопруга и прва дама на САД.
Comentarios