top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

МекМанаман: Ливерпул не смее да му исплати толку пари на Салах!

21.09.2021 Septemvri Vtornik

Ливерпул ова лето не беше многу активен на трансфер пазарот, но затоа се фокусираше да го „врзе“ и да го задржи тоа што е најдобро во тимот, па така нови договори добија Трент Александер Арнолд, Фабињо, Алисон Бекер, Вирџил Ван Дајк, Енди Робертсон и капитенот Џордан Хендерсон.

Со потписот на капитенот на последниот ден од летниот трансфер период беше заокружена една важна операција од водечките луѓе, но таа не е последна кога се во прашање клучните фудбалери.

Ливерпул веќе извесно време преговара со Мохамед Салах за нова соработка меѓу двете страни, а додека Јирген Клоп самиот посочи дека се држи на страна и нема никакво влијание, почнаа да протекуваат информации за високите барања на напаѓачот.

Дел од медиумите во Англија пренесуваат дека Салах побарал импозантни 500 илјади фунти неделна плата, што е за двојно повеќе од тоа што го добива со актуелниот договор (200 илјади фунти). Оваа вест сега ја коментираше и легендарниот Стив МекМанаман, кој смета дека Ливерпул во ниту еден случај не смее да ги исполни овие услови на големата ѕвезда и покрај сите голгетерски рекорди.

– Сметам дека Ливерпул не смее да си дозволи таква плата на еден играч. Не е лесно да се коментираат вакви вести кога се игра со бројките, но ако навистина бара половина милион фунти неделно, Ливерпул не смее да прифати таква плата, не смее да му даде толку пари на никого, па дури и на Салах.

– Таква плата може да добие во ПСЖ, но сите кои одат во Франција, прават чекор назад. Ќе има загарантиран успех во Франција, но Лига 1 не ниту одблиску до Премиер лигата. Мбапе веќе нема да биде во Франција наредната сезона, а долго нема да се задржи и Меси, – вели МекМанаман.


3 views

Comments


bottom of page