top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Мекларен со порака до ФИА: Ред Бул мора да биде казнет за доброто на Формула 1

Мекларен испратил официјално писмо до ФИА и сите останати клубови, протестирајќи поради утврденото надминување на утврдениот годишен буџет од страна на Ред Бул.

Истрагата потврди дека тимот чиј претставник ја освои титулата, минатата сезона минимално го надминал предвидениот буџет, но Ред Бул не доби некоја посебна казна, поради што реагираа ривалските екипи.

Мекларен го смета овој потег за класично мамење, поради што побара паарична, но и натпреварувачка казна.

– Секој тим што потрошил повеќе од дозволеното имал нефер предност во текот на минатата и актуелната сезона, – стои во писмото потпишано од Зек Браун, во кое тимскиот шеф на Мекларен бара од ФИА конкретни казни за да се задржи интегритетот на Формула 1.

Ред Бул во своите официјални изјави демантира дека го надминал предвидениот буџет.


0 views

Comentarios


bottom of page