top of page

Мекларен покажа заби на првите тренинзи на култната „Сузука“

28.03.2026 Mart Sabota

Мерцедес остави најсилен впечаток на првите два неофицијални тренинзи пред трката за Големата награда на Јапонија на патеката Сузука, но Мекларен покажа дека сериозно ќе се бори за врвот.

На првиот тренинг најбрз беше Џорџ Расел, кој имаше минимална предност од 0.026 секунди пред тимскиот колега Кими Антонели. Зад нив следеа возачите на Мекларен, Ландо Норис и Оскар Пиастри, додека Ферари со Шарл Леклер и Луис Хамилтон беше веднаш зад нив. Макс Верстапен заврши на седмото место, а разликите беа мали со седум возачи во рамки на една секунда.

На вториот тренинг Мекларен возврати, па најбрз беше Пиастри, пред Расел и Антонели. Норис овојпат беше четврти, додека Ферари повторно остана зад водечките. Верстапен имаше послаб настап и заврши на десеттата позиција.

Квалификациите за трката се возат во сабота од 07:00 часот, додека стартот на трката е закажан за недела во истиот термин.


 
 
 

Comments


bottom of page