top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Мекинро ја опиша „големата четворка“: Федерер-убавина, Надал-упорност, Ѓоковиќ…

Големиот Џон Мекинро е дел од „Лејвер Купот“ во Лондон и тоа како капитен на „Тимот Свет“ кој ќе ги одмери силите со „Тимот Европа“. Мекинро е седукратен грен слем шампион и човек кој годините од првите редови можеше да прати што се случува во тенисот, па може многу добро да ја опиша таканаречената „голема четворка“ во која се Рожер Федерер, Рафаел Надал, Новак Ѓоковиќ и Енди Мари, асови кои ќе ги бранат „боите“ на тимот Европа на овој настан на кој да не заборавиме популарниот Федекс ќе стави крај на кариерата. -Рожер е најубавиот играч што некогаш сум го видел, а Рафа е најупорниот играч. Новак е жив штит. -Мари? Тој беше неверојатен. Беше тешко да им се парира на Федерер, Надал и Ѓоковиќ, но тој направи нешто што никој не го очекуваше, ја прекина нивната серија и го освои Вимблдон. Значи има со што да се гордее. Тешко е да се спореди со тие тројца, ама и тој е во легендарна Куќа на славните, -истакна Џон кој доби задача да проговори за тенисерите кои одбележаа значајна ера во овој спорт.


6 views

Comments


bottom of page