Мекинро: Постои теорија дека Надал се допингува, но…
И понатаму се зборува за триумфот на Рафаел Надал на Ролан Гарос каде успеа да направи „чудо“ и покрај сите проблеми со стапалото славеше во Париз за 22. грен слем титула.
Тој мораше низ целиот турнир да прима инјекции во стапалото да не чувствува никакви болки, а сетоа ова придонесе одновно да го се говори за него и за можен допинг, помош при остварување на резултатите.
Овие приказни, теории на заговор не се нови, па свој став околу истите има Патрик Мекинро кој своевремено беше 28. тенисер на светот.
-Надал продолжува да победува. Не знам како му успева. Тој рече дека добил некои инјекции против болки. Јас не сум доктор, не знам точно што е тоа. Постои теорија на заговор дека допингува, дека зема ненакви препарати.
-Видете тој цело време е тестиран на турнирите. Што и да му ставиле во стапалото, мислам дека е само лек против болки. Повторно јас не сум доктор, не знам точно што е тоа, но ако нешто било нелегално, Рафа ќе беше фатен, -порача Патрик кој е помлад брат на легендариот Џон Мекинро.
Comentarios