top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Мекинро: Ова многу го погоди Ѓоковиќ, од искуство знам…

Американската тениска легенда, Џон Мекинро даде свој коментар за тоа што му се случи на Новак Ѓоковиќ во изминатиов период и целата драма, лоша епизода во Австралија која на крајот не му дозволи да ја брани титулата во Мелбурн.

Новак се соочи со проблеми откако пристигна во Мелбурн, потоа доби една судска битка со властите за да на крајот сепак домаќините го имаат последниот збор и го депортираат првиот светски рекет од земјата.

-Нема сомнеж дека тоа силно го погоди. Сега постои неизвесност околу Ролан Гарос. Тие најавија дека играчите ќе мора да се вакцинираат за да играат во Париз. А што е со Вимблдон? Тој не е заинтересиран за други турнири, така што ова е навистина несреќа за еден дечко кој толку многу се трудеше да биде сакан…

-Знам, тешко е да се биде сакан. Знам по себе. Кога загуби од Медведев на Ју-Ес Опен и кога остана без календарски слем рече дека најважно му е што публиката го прифатила… Австралија е местото каде што најмногу го сакаат, а на него не му беше дозволено да игра. Сè стана смешно. Не знам што ќе се случи понатаму, -вели Мекинро и додаде:

-Тој е ментално посилен од кој било на тенискиот терен. Само сетете се како исчезна од мапата пред неколку години, откако освои четири грен слема по ред. Потоа се врати и беше подобар од било кога. Си ја отежна работата со тоа што не се вакцинирше. Тоа ја искомплицира ситуацијата. Не знам дали мислеше дека може да оди во Австралија и да игра, сè уште не разбирам зошто се сретнал со новинарот ако имал ковид и тоа не му го кажал, тешко ми беше да поверувам, -заврши Американецот.


1 view

Commentaires


bottom of page