top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Медведев со урнебесен говор ги изнасмеа сите присутни по поразот во финалето

Данил Медведев беше во серија од 19 победи на четири различни турнири на кои настапи, но сепак не успеа да стигне и до четвртиот трофеј во низа.

Причина за тоа е страшното издание кое го имаше Карлос Алкарас во финалето на Индијан Велс, каде Русинот едноставно немаше решение за играта на младиот шпански тенисер.

Русинот го призна поразот и им се извини на тениските фанови кои не уживаа во спектакл каков што се очекуваше, но како и обично, Данил издоминира при завршниот говор на церемонијата и не остави никого рамнодушен.

Во текот на турнирот, Медведев имаше низа бесни изливи поради бавната подлога која е поставена на Индијан Велс, па не штедеше погрни зборови за централниот терен во калифорниската пустина.

Ова го натера Данил да го промени тонот по поразот во финалето (6:3 и 6:2), а со интересниот говор ги изнасмеа сите присутни на теренот и трибината, вклучувајќи го и Алкарас.

– Никогаш не сум го кажал ова, но имав навистина токсичен однос со теренот. Имаше многу љубов и омраза, затоа сакам да му се заблагодарам на теренот. Играв само на овој терен и сакам да му се заблагодарам. Му донесов тешки моменти, ми врати исто така. Го свиткав зглобот, имав повреда на палецот, но ми даде шанса да го завршам турнирот. Му благодарам на теренот, сигурно ќе се вратам тука, – изјави Медведев.


0 views

Comentarios


bottom of page