Медведев се разбуди од „сонот“ и со пресврт избори финале на Аустралијан Опен
26.01.2024 Januari Petok
Данил Медведев направи голем пресврт во дуелот со Александер Зверев (3:2) и се пласираше во финалето на Аустралијан Опен, каде ќе се соочи со Јаник Синер.
Третиот носител не го започна најдобра мечот, првиот сет го загуби со 7:5, во вториот Зверев беше посигурен и го доби со 6:3, а слично сценарио беше најавено и во третиот сет.
Сепак, Медведев го промени својот пристап, заигра подобро и го доби тај-брејкот, со што се избори за четврти сет. И во него се играше тај-брејк во кој Русинот беше подобар, преземајќи ја и психолошката предност, а тоа го искористи за посигурен настап во решавачката етапа.
Медведев направи брејк во петтиот гејм и го потврди во деветтиот за конечни 6:3 и место во финалето.
За Русинот ова ќе биде трето финале во Мелбурн и во недела ќе се обиде да стигне до првиот трофеј на Аустралијан Опен или вкупно свој втор грен-слем трофеј.
Comments