top of page
Search

Медведев пред соочувањето со Синер: Најдобро играм против најдобрите на светот

08.07.2024 juli Ponedelnik

Данил Медведев ја доби битката со Григор Димитров и тоа откако противникот одлучи да се повлече поради повреда во првиот сет.

Ова го однесе Русинот на битка со првиот носите и воедно прв светски рекет Јаник Синер со кого имаше одличен учинок во почетните соочување, но од Пекинг па наваму нема ниту еден триумф над Италијанецот.

-Никогаш не сме играле откако стана број 1, а против такви тенисери играм подобро.

-Сега игра подобро и прави помалку грешки. Кога Јаник пристигна, целиот свет беше малку изненаден. Не поради силата на неговите удари, туку поради брзината на движење и моќта со која ја удира топката од сите позиции на теренот. Тогаш правеше многу грешки и затоа често губеше. Штом го намали бројот на грешки, стана многу потешко да се победи.

-Не само за мене. Затоа стана прв во светот. Но, јас сум поуспешен против тенисерите кои се број 1, така вели статистиката. Ќе видиме колку ќе ми помогне против Јаник – Сигурно е дека сега е потешко да се игра против него, -порача Русинот.


1 view

Comments


bottom of page