top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Медведев посочи една причина: Сега е полесно да се игра против „големата тројка“

21.10.2021 Oktomvri Cetvrtok

Данил Медведев не успеа да го освои Мастерсот во Индијан Велс и пропушти прва шанса да го симне Новак Ѓоковиќ од првото место на АТП листата, но Русинот за време на телематското обраќање кое го имаше до Москва, најави дека ќе атакува на нови успеси и грен-слем титули во блиска иднина. Медведев како светски рекет број два си даде за право да потенцира дека сега е многу полесно да се игра против „големата тројка“ во светскиот тенис, а како свој факт за ова наведе една логична и едноставна причина. Русинот е убеден дека никогаш нема да се повтори тениска тројка како онаа која ја сочинуваат Федерер, Надал и Ѓоковиќ, но додава дека младите тенисери полека ќе го преземат нивниот примат во ситуација кога полека ги газат годините. – Ѓоковиќ, Федерер и Надал ја одбележаа најдобрата генерација во историјата на тенисот. Никој нема да може да се приближи на нивните резултати, тоа е мојот став. Не се осмелувам да кажам дека ќе дојде до генерациска промена нареднава година, бидејќи во 2021-ва видовме дека Ѓоковиќ може да ги победи сите. – Сепак, ќе биде глупост да се каже дека нема да следи промена. Тоа е природно да се случи. Тројцата веќе стареат и токму поради тоа сега е полесно да се игра против нив. Сите сакаат да ја победат таа тројка, но и тие не сакаат да загубат и не смеат да се отпишат, – вели последниот освојувач на Ју-Ес Опен и додава. – Сакам да освојам уште грен слем титули. Сакам да бидам број еден и да бидам на врвот на тенисот извесно време. Сепак, свесен сум дека невозможно е да се освои секој турнир, – завршува Русинот.


2 views

Comments


bottom of page