top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Медведев испадна во осминафиналето и режираше голема драма: Залудно носи очила кога не гледа ништо пред себе! (Видео)

11.04.2024 April Cetvrtok

Данил Медведев доживеа рана елиминација на Мастерсот во Монте Карло, но Русинот се погрижи да си замине од турнирот на доста лош начин, односно со расправија која не доликува за највисоко ниво.

Во руската осминафинална прерсметка во Монако, Карен Хачанов беше подобар и славеше со 6:3 и 7:5, а во моментите кога направи клучен брејк за триумф во вториот сет, Медо комплетно полуде.

Медведев му викаше на линискиот судија кој досуди аут за една негова топка, но потоа продолжи да се обраќа арогантно и кон Карлос Бернандес и супервизорот Седрик Мурие.

– Карлос, Карлос…… кој по ѓаволите повика физиотерапевт?

– Вчера топката беше во аут, велат дека е внатре. Денеска топката е внатре, велак дека е аут. Кој ќе презема акција? Тој судија не треба да суди (говори за линискиот). Залудно носи очила кога не гледа ништо пред себе. Тој не треба да биде судија, – порача бесниот Медо.


5 views

Comments


bottom of page