top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Медведев го освои првиот гранслем-трофеј во кариерата

14.09.2021 Septemvri Vtornik

ТЕНИС – СО ПОБЕДАТА ВО ФИНАЛЕТО НА САД ОПЕН

Русинот Данил Медведев го победи првиот светски тенисер, Србинот Новак Ѓоковиќ, во финалето на гранслем-турнирот САД опен, со 6-4, 6-4, 6-4, со што стигна до својот прв гранслем-трофеј. Медведев е третиот Русин, по Евгениј Кафелников и Марат Сафин, со ваков трофеј. До првиот триумф на најголемите турнири Медведев стигна по загубените финалиња на САД опен во 2019 година од Рафаел Надал и годинава на Австралија опен од Ѓоковиќ. – Ќе кажам нешто што никогаш досега не сум го кажал: Новак, за мене, ти си најдобар во историјата на тенисот. Им благодарам на мојот тим и на моето семејство што ми помогнаа на ова патување, кое воопшто не беше лесно. Им благодарам и на гледачите, кои малку повеќе навиваа за Новак, но тоа е разбирливо, ми дадоа многу повеќе енергија отколку во 2019-та кога загубив во финалето од Надал – рече Медведев.

Ѓоковиќ со освојување на САД опен ќе станеше првиот тенисер што по 52 години победил на сите четири најголеми турнири во иста календарска година. Единствен во т.н. опен ера (од 1969 година) што го сторил тоа е Род Лејвер во 1969 година кај мажите, а кај тенисерките Штефи Граф во 1988 година. – Ова е тежок пораз. Но во исто време сум среќен за него, бидејќи тој е добро момче и го заслужи ова. Би сакал да кажам дека моето срце е исполнето со среќа и дека јас сум најсреќниот човек на светот иако не победив. Вие направивте да се чувствувам посебно. Никогаш не сум се чувствувал вака во Њујорк – изјави Ѓоковиќ, заблагодарувајќи ѝ се на публиката, која го бодреше во обидот да стане рекордер. Ѓоковиќ, Роже Федерер и Надал останаа израмнети со по 20 гранслем-титули.


3 views

Comments


bottom of page