top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Медалистите добиваат пари, бонуси, пензии…

Моментите на олимписка слава не се единствената награда за годините напорна работа. Во многу земји тие моменти значат и ден на наплата на трудот и добивање поголеми парични награди. Во врска со ветените награди на спортист(к)ите за освоените медали во Пекинг, весникот „УСА тудеј“ анкетира речиси 60 национални олимписки комитети и доби одговори од дваесетина. Шаолин Шандор Лиу беше блиску до златен медал во брзо лизгање на 1.000 метри, прв индивидуален за Унгарија на Зимски олимписки игри (ЗОИ). Но, по прегледот на снимката, судијата му додели жолт картон на Лиу и победата му припадна на Кинезот Рен Живеи. Лиу мораше да се задоволи со среброто (и со награда од околу 110.000 долари) и да се прости од бонусот од 160.000 долари, или 50.000.000 форинти, колку што Oлимпискиот комитет на Унгарија ги наградува освојувачите на златни медали на Игрите во Пекинг. Шаолин Лиу и неговиот брат Шаоанг Лиу, кој ја освои бронзата, за што му следува бонус од околу 90.000 долари, ќе добиваат и доживотна месечна стипендија откако ќе наполнат 35 години. Стефанија Константини и Амос Мозанер од Италија го привлекоа вниманието со убедливиот триумф и златото без пораз во мешани двојки во карлинг. Младите спортисти за тој успех ќе добијат повеќе од 205.000 долари. Полскиот ски-скокач Давид Кубацки освои бронза на малата скокалница, за што ќе добие бонус од 12.500 долари. Но тој успех му гарантира и 850 долари месечно откако ќе наполни 35 години. Словачката скијачка Петра Влхова заработи повеќе од 57.000 долари за златото во слалом.

Исплатата на наградите за медали варира од земја до земја, но најчесто тоа оди преку националниот олимписки комитет или владата. Во многу земји, спортистите, покрај наградите од националните федерации, добиваат бонуси и од спонзорите. Општо земено, земјите со поголеми делегации и спортист(к)и нудат помали награди и бонуси од земјите со помали делегации и спортисти, кои се со помали шанси за медали. САД, кои до пред два дена имаа 11 освоени медали (од кои пет златни), златниот медал го наградуваат со 35.000, сребрениот со 22.500, а бронзениот со 15.000 долари. Некои земји имаат уникатни структури. Во Австралија, паричните суми не се бонуси за претходната работа, туку поттик за продолжување на тренинзите за следните Олимписки игри. Во Хонгконг, националниот олимписки комитет нуди мали суми за освоени медали, но тројцата спортисти би можеле да заработат повеќе од 641.000 долари за златен медал. Некои земји не нудат бонуси. Од националните олимписки комитети што одговорија на истражувањето на „УСА тудеј“, три рекоа дека не нудат пари за медали. Тоа се Бразил, Велика Британија и Норвешка, која е велесила во зимските спортови и со големи шанси да биде најуспешна, како и пред четири години.


1 view

Commentaires


bottom of page