Мегваер со коментар за камбекот на Рашфорд во Јунајтед
31.08.2026 Avgust Ponedelnik
Дефанзивецот на Манчестер Јунајтед, Хари Мегваер, е уверен дека Маркус Рашфорд ќе има сериозно позитивно влијание во клубот оваа сезона.
28-годишниот Рашфорд го одигра својот прв натпревар како стартер во Премиер лигата за Јунајтед по речиси две години и тоа во победата од 5:2 против Ипсвич, а со своите настапи покажува дека може да биде големо освежување во тимот предводен од Мајкл Карик.
Иако се појавија шпекулации дека Рашфорд повторно може да го напушти Јунајтед ако добие атрактивна понуда до крајот на преодниот рок, се поизгледно е дека тој ќе остане на „Олд Трафорд“. А, тоа е вест која го радува и искусниот Хари Мегваер.
– Тој е голем талент и секогаш претставува закана за противничкиот тим.
– Ако Маркус сака да биде тука, сака да работи, да се подобрува и да му помага на тимот, секако дека сакаме да го имаме во нашите редови. Тој сè уште може да направи многу повеќе и мислам дека и самиот го знае тоа, па ако остане фит, ако е среќен, мотивиран и гладен за успех, тој ќе биде огромно богатство за нас, – рекол Мегваер.
Дефанзивецот се навратил и на проблемите кои ги имаше крилниот напаѓач во актуелниот клуб, поради што и мораше да настапува за други екипи.
– Не смее да се заборави дека Маркус имаше одлични моменти во овој клуб. Но, кога играте за Јунајтед толку многу години, неизбежно е да има и лоши сезони. А кога ќе дојдат лошите сезони, сите се нафрлаат врз вас. Тоа е составен дел од играњето за овој клуб. Во тие моменти не се боревме за највисоките позиции, а Маркус беше дел од еден тежок период за Манчестер Јунајтед. Кога се случува тоа, играчите стануваат мета на критики. И јас поминав низ тоа“, додал Мегваер.







Comments