Мегваер доби дополнителна казна од ФА
- Aleksandar Santovski
- Apr 16
- 1 min read
15.04.2026 April Sreda
Манчестер Јунајтед најави дека ќе достави жалба за црвениот картон кој го доби Лисандро Мартинез, но исто така дозна дека за дербито со Челси најверојатно ќе игра без своите двајца стартни стопери.
Фудбалската асоцијација ретко кога брише црвени картони, но ако ова се однесува за Лича, денеска пристигна соопштение и поврзано за жалбата која беше доставена за Хари Мегваер.
Стоперот на Јунајтед одлежа еден меч суспензија поради црвениот картон против Борнмут на средбата со Лидс, но денеска ФА информираше дека добива дополнителна казна.
Поради навредлив тон кој го упатил кон четвртиот судија на теренот, Мегваер добива дополнителен меч суспензија, но и парична казна од 30 илјади фунти.
Тоа значи дека Манчестер Јунајтед на дербито против Челси нема да го има својот стартен стоперски двоец, бидејќи мала е веројатноста да биде помилуван Мартинез.






Comments