Мегваер: Да е било кој друг натпревар ќе победевме без дилема, немаше ни говор од пенал
- Aleksandar Santovski
- Nov 20, 2023
- 1 min read
Македонската фудбалска репрезентација на фантастичен начин ги заврши квалификациите за Европското првенство кое ќе се одржи во 2024 година во Германија, одземајќи и бод на големата Англија по ремито со 1-1 во Скопје.
По натпреварот стоперот на „Гордиот Албион“, Хари Мегваер не го криеше незадоволството од играта изјавувајќи дека натпреварот против Македонија е само поука за во иднина, а го негираше и пеналот преку кој нашите репрезентативци поведоа.
„Храбро се боревме и да беше некој друг натпревар ќе победевме без дилема. Доминиравме од почетокот до крајот, имавме наши моменти, но одигравме несмасно со топката. Ова е добар натпревар за да научиме нешто ново и ќе ни значи во иднина“, изјави Мегваер кој потоа се осврна и кон пеналот за Македонија. „Немаше ни говор за пенал, каква луда одлука. Веќе со месеци ни прават уште потешко на нас дефанзивците, дури и во Премиерлигата каде играме против врвни фудбалери на секој натпревар. Не смееме да го движиме телото, да се браниме, да направиме било каков контакт, не смееш да ги испружиш рацете. Се судат премногу „меки“ пенали, ова не беше пенал“.

Comments