„Ме изневеруваше додека татко ми беше на интензивна нега“: Шакира откри детали од раскинувањето
Пејачката Шакира и фудбалерот Жерар Пике минатата година ги изненадија сите со тоа што објавија дека се разделуваат по 12 години врска во кои ги добија синовите Милан и Саша.
Иако најпрво нагласија дека не сакаат дополнително да коментираат, и дека ќе останат во коректни односи заради децата, набрзо почнаа да излегуваат на површина скандалозни детали од нивната врска.
Имено, почна да се зборува дека главната причина за раскинувањето на овој пар е всушност неверството на Пике, а приказните дополнително се разгореа кога тој ја обелодени врската со Клара Чиа Марти. На површина излегоа деталите за лошиот однос меѓу Шакира и мајката на Пике, која со години лошо се однесувала со пејачката и наводно го поддржувала неверството на Пике.
Иако досега само се шпекулираше дека Жерар ѝ бил неверен на мајката на неговите деца, иако се упатуваше на тоа дека навистина е така, пејачката сега си ја отвори душата и ги откри сите детали од раскинувањето со фудбалерот.
Како што рекла, дознала дека партнерот ѝ бил неверен додека татко ѝ бил на интензивна нега, а таа се грижела за него.
„Тој дојде во Барселона да ме утеши откако ме обзеде тага поради раскинувањето“, изјави пејачката за „People en Español“ за нејзиниот татко.
„Сè се случи одеднаш. Домот ми се распаѓаше. Преку медиумите дознав дека ме изневерувал додека татко ми бил на одделението за интензивна нега“, продолжи таа и истакна дека сонувала за брак како на нејзините родители.
„И двајцата беа одраз на тој сон кој не ми се оствари. Но, се надевам дека тие се пример за моите деца“, изјави меѓу другото Шакира за споменатиот медиум.
Comments